Благодарение на ковид-19: ЏЕФ БЕЗОС - прв човек во историјата со богатство над 200 милијарди долари
Џеф Безос е на врвот, „тежок“ 200 милјарди долари.
Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос е првиот човек во историјата чие богатство ја премина границата од 200 милијарди долари. Според индексот на милијардери на Блумберг, Безос во моментов „тежи“ 200 милијарди долари што го прави побогат за дури 78 милијарди долари втрриот на листата по богатство, а тоа е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Богатството на првиот човек на „Амазон“ во најголемиот дел го чини уделот во акциите на компанијата, чија цена во изминатите години е во постојан пораст, а посебно во последните две години. Безос стана најбогат човек во светот во современата историја во 2018 година, кога неговото богатство порасна на 150 милијарди долари.
Акциите на „Амазон“ го достигнаа врвот во април со огромната побарувачка и оттогаш нивната вредност продолжува да расте, поради што компанијата добива стотици милиони долари во
Компанијата вчера оствари пазарна вредност од 1,7 милијарди долари, што ја прави втора највредна американска компанија по „Епл“.
Пандемијата на коронавирусoт помогна во растот на „Амазон“, затоа што потрошувачите беа принудени да се обратат до онлајн продавниците за набавки, вклучувајќи маски, средства за дезинфекција, па дури и да нарачуваат секојдневни намирници.