Браќата ги закопаа секирите? Хари и Вилијам разговараа, Британците не дишат - има ли помирување на хоризонтот
Фото: EPA
Принцот Хари
пристигна во Лондон да присуствува на погребот на неговиот дедо, принцот Филип.
Вниманието на јавноста сега е насочено кон кралското семејство, бидејќи ова е
прв собир, откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го обвинија
кралското семејство за расизам.
Хари слета пред неколку дена, но е во изолација. Според британските медиуми, браќата принцот Хари и принцот Вилијам разговарале по телефон и се согласиле дека оваа недела е резервирана за погребот и се што оди со тоа и дека ќе ги остават настрана несогласувањата, а кралицата се надева дека ова е можност за обединување и помирување на сите членови на семејството.
Кејт Мидлтон е таа што ќе посредува браќата да се смират, бидејќи, како што велат извори блиски до семејството, таа е некој што избегнува тензии и конфликти.
Погребот ќе се одржи во сабота, кога браќата ќе се видат за прв пат по подолго време.