Британски експерти: Не земајте здраво за готово дека ќе имаме вакцина за коронавирусот
Водечките научни советници во Велика Британија предупредуваат дека не сметаат здраво за готово дека ќе откријат ефикасна вакцина против новиот вид на коронавирус.
Говорејќи со премиерот Борис Џонсон на дневна прес-конференција, главниот научен советник Патрик Валанс рече дека „нема гаранција дека ќе се измисли вакцина“, но додаде дека „постигнат е голем напредок“ во овој поглед во разни земји.
"На науката и е потребно време"
„Да, на науката и е потребно време. Не можеме да гарантираме кога ќе ги најдеме сите потребни решенија“, рече водечкиот англиски лекар Крис Вити, додавајќи дека околу 130.000 луѓе во Велика Британија, најверојатно, се заразиле досега, пишува Си-Ен-Ен.
Според резултатите од рандомизираното тестирање, можеби 10% од граѓаните во Лондон се опоравиле од Ковид-19, рече тој.
Предупредувањата на научниците беа поддржани и од британскиот премиер Џонсон, кој рече дека се надева оти Велика Британија наскоро ќе има вакцина против Ковид-19, „но дека тоа не е загарантирано“. Тој рече дека и по „18 години немаме вакцина против САРС“, а камол онаа за HIV која се чека веќе 40 години.