Британските научници објавија: Треба цела година за целосно оздравување од ковид
Експертски тим од научници од Велика Британија по спроведена студија во земјата објавија дека едвај 30 проценти од пациентите кои болнички се лекувале поради компликации од корона вирусот, изјавиле дека се чувствуваат целосно оздравени дури по една година. Британски Гардијан, повикувајќи се на студијата од научниците пишува дека помалку од една третина од пациентите целосно закрепнуваат во рок од 12 месеци по отпуштањето од болница.
Како што се развиваше пандемијата, сè поголем број истражувања открија дека ковид-19 не само што предизвикува здравствени проблеми на краток рок, туку има и долгорочни последици. Студијата покажува дека многу од оние кои имале симптоми подолг период по хоспитализацијата покажале мало подобрување. Повеќе за оваа студија прочитајте на Фактор.мк
Фото: Фреепик