Целата суштина ја гледате пред вас: Ова е најпознатиот експеримент во светот

Познатиот експеримент на креаторот на модерната медицина Ибн Сина (Авицена). Тој е стар повеќе од 1000 години и денес е повеќе од поучен.

Во гореспоменатиот експеримент, две јагниња се ставаат во посебни кафези. Јагнињата сместени во кафезите биле избрани така што и двете биле од иста возраст, тежина и раса. И секој ден јаделе иста храна и иста количина на храна. Затоа и двете јагниња имале еднакви услови за живот. На третата страна имало кафез во кој е сместен волк. Меѓутоа, само едно од двете јагниња можело да го види волкот. Кафезот на ова второ јагне бил така поставен што тој воопшто не можел да го види

Неколку месеци подоцна, јагнето што го гледало волкот станува пргаво, немирно, изнемоштено и по некое време, иако волкот не можел ништо да му направи на тоа јагне, умира. Така јагнето умрело од стресот и стравот што постојано го доживувало. Додека другото јагне кое не можело да го види волкот било здраво, нахрането, дури и со прекумерна тежина и мирно.

Во овој експеримент, познатиот Ибн Сина ги докажа позитивните и негативните ефекти на менталното влијание врз здравјето и телото. Накратко... Ништо не може да му наштети на човековото здравје и телото колку непотребната вознемиреност, страв, грижа и стрес.