Целиот свет во 2020 година на Гугл намногу ги пребаруваше овие 5 личности: Која е причината за тоа?

Џо Бајден беше убедливо најпребаруваната личносt, а по него следуваат Шакира, Ванеса Брајант и Канје Вест!

На самиот крај на годината, која влезе во историјата поради целата ситуација со коронавирусот, странските медиуми презентираа пред јавноста неколку списоци со најпребарувани имиња од јавниот живот. Политичари, експерти за мода, музичари, актери, презентери… Какви и да се, тие се најдоа на оваа листа благодарение на настаните и потезите за кои многумина дури и не се сеќаваат дека се случија оваа година, губејќи го времето поминато со денови и денови во карантин. Во секој случај, овие личности не се мрдаат од врвот на топ пребарувани имиња на „Гугл“, со Џо Бајден „на чело“ како нов претседател на Америка.

Шакира

Пејачката настапи за време на полувремето на „Pepsi Super Bowl LIV Halftime Show“ на 2 февруари. Да, тоа беше оваа година! Заедно со Џенифер Лопез, тие направија мал концерт за паметење, од само 12 минути. За нивните заеднички подготовки сè уште се зборува и само за танцот што тие по тој повод го изведоа на сцената. На сцената им се придружи наследничката Џеј Ло, се вееја знамиња, се пееја само хитови. Поради овој спектакл, Шакира е најгуглавата пејачка оваа година, како и позната личност воопшто. Единствениот што ја „надмина“ е претседателот на САД.

Ванеса Брајант

Кошаркарот Коби Брајант и неговата ќерка Џијана починаа на 26 јануари, при пад на хеликоптер. Вдовицата Ванеса, освен ужасната несреќа од која сè уште се опоравува, беше меѓу најбараните поради шокантниот говор што го одржа на комеморацијата организирана за „нејзината голема љубов и нејзиното девојче“ во Центарот Стејплс на 24 февруари (симболично, затоа што Коби го носеше бројот „24“, а тринаесетгодишниот Џиџи „2“, објасни таа во тој период на Инстаграм).

- „Ќе започнам од моето девојче. Џијана, нежна и убава девојка. Таа секогаш ме бакнуваше за добро утро и добра ноќ. Ако не, ќе и испратев порака: „Ништо од бакнеж“, и ќе го добиев одговорот: „Те бакнав, но ти спиеше“. Таа беше малото девојче на тато, но знам дека ме сакаше. Нема да можеме да го видиме Џиџи како оди на училиште, не ни беше дадена шанса да ја научиме да вози или да и кажеме колку е убава на денот на нејзината венчавка, додека танцува со Коби. Би била одлична мајка, таков пристап имала уште од мали нозе. Таа веројатно би била меѓу најдобрите во женската НБА лига. Горд сум на неа и на сè што направи во овие 13 години. Ги прочитав сите дела што нејзините пријатели ги напишаа за неа и горда сум. Тешко ми е да го замислам животот без неа. Ми недостасуваш секој ден, те сакам“ - меѓу другото, рече таа, пред луѓето кои плачеа со неа во салата.

„На мојата сродна душа… Сите го познаваа како човек кој беше конкурент, еден од најдобрите играчи на сите времиња. За мене, тоа беше Коко, моја љубов. Заедно сме од мојата 17 и пол години. Јас сум неговата прва љубов, девојка, жена… И не знам зошто заслужив таков човек“ - рече таа и за Коби во големиот говор, кој заврши со изјави за љубов и порака дека и двајцата и недостасуваат.

Канје Вест

Познатиот рапер и сопруг на Ким Кардашијан се најде на врвот на листата на најбарани на Гугл затоа што сакаше да стане претседател на државата. Се кандидираше, а потоа го одржа првиот митинг во Чарлстон облечен во заштитен полициски елек и ја избричи „2020“ на задниот дел од главата. По крајно хаотичен период, единственото нешто што успеа да го стори е да собере само 60.000 гласови, а потоа и самиот гласаше - за прв пат.

„Денес, за прв пат во мојот живот, гласам за претседател на Америка, и за некој во кој навистина верувам. За себе“ - изјави тогаш, а го пренесоа сите странски медиуми.

Том Хенкс

Оваа година, за актерот изгледаше повеќе како возење со ролеркостер. Прво, тој не знаеше што да прави од среќа, откако беше номиниран за Оскар (најдобра споредна машка улога). Сепак, во март веќе се зборуваше дека тој и неговата сопруга биле заразени со коронавирус, далеку од нивниот дом - во Австралија. Се шпекулираше дека со голема тешкотија ја издржала оваа чума и дека била толку слаба што не можела да се движи самостојно. Потоа, едвај се вратија дома, но останаа таму без да се движат никаде, заради мерките што веќе беа воведени. Многумина подоцна беа воодушевени од неговиот изглед како домаќин на познатиот „Saturday Night Live“, но од дома.

Дури неодамна, тој истакна дека се чувствува доста добро и верува дека киносалите нема да умрат поради короната (како и неговото име, кое многу често „се провлекуваше низ Google“, пред сѐ заради вирусот што беше „заработен“).