CELTA центарот при МБУ со нов курс за предавачи по англиски јазик за стекнување престижен сертификат

CELTA центарот при Меѓународниот Балкански Универзитет кој, како единствен во земјата, минатата година доби овластување од Cambridge Assessment English, дел од Универзитетот во Кембриџ, за сертифицирање предавачи по англиски јазик (ELT) за студенти кои говорат други јазици, на почетокот на идната година повторно организира курс за стекнување со овој престижен сертификат. Курсот ќе почне на 17ти јануари и ќе трае до 18ти февруари 2022 година, односно 5 недели, а ќе се одржува преку платформата ZOOM.

CELTA сертификатот е меѓународно признат, високо почитуван сертификат и претставува пример за квалитет, а истовремено е најшироко признат и прифатен TESOL сертификат. Сертификатот, меѓу другото, дава можност за престој и работа во странство, односно вработување во делот на наставата по англиски јазик каде било во светот, вклучувајќи и онлајн ангажмани.

Со формирање ваков центар, ние излегуваме во пресрет од една страна на сите професори, наставници и предавачи кои предаваат англиски јазик за да се здобијат со меѓународно признат сертификат кој во иднина може да им отвори многу врати за работа и кариерен развој и надвор од државата. A од друга, им овозможуваме да се стекнат со практични вештини кои може да ги употребат и во класичната училница, но и во контекст на онлајн наставата. Кандидатите се запознаваат со најсовремениот пристап во предавањето на англискиот како странски јазик и се стекнуваат со самодоверба во користење на истиот“, вели проф. д-р Ана Кечан, директор на CELTA центарот при МБУ.

Курсот Кембриџ CELTA ги обезбедува потребните вештини и знаења за предавање англиски јазик како странски јазик за возрасни. Тој е дизајниран како почетен курс за наставници по англиски јазик со и без претходно искуство, за кандидати кои веќе предавале англиски јазик, но немаат формални квалификации за наставници, за оние кои немаат ниту искуство ниту квалификации, но многу добро владеат со англискиот јазик и би сакале да го предаваат, како и за наставници по други предмети кои сакаат да се преквалификуваат во наставници по англиски јазик.

Обуката е претставена од целосно сертифицирани и искусни обучувачи на наставници од Кембриџ, а посетителите на курсот добиваат можност да предаваат на вистински студенти на англиски јазик, да добиваат повратни информации за предавањата, како и да набљудуваат други наставници – поискусни, со малку или без искуство.

Аплицирањето за следење на курсот ќе трае до 5ти јануари 2022, а на сите коишто ќе уплатат до 1ви декември 2021 им се нуди 10% попуст.

Заинтересираните кандидати, но и сите кои имаат било какви прашања може да се обратат на електронската адреса a.kechan@ibu.edu.mk или да дознаат повеќе на веб страницата https://www.ibu.edu.mk/celta-centre/

ПР објава