Часовник на неделата: Кога механизмот станува уметничко дело – Chemin des Tourelles Skeleton

Tissot Chemin des Tourelles Skeleton е часовник кој претставува вистинско ремек-дело за љубителите на фината часовничарска уметност. 

Со дијаметар од 39 mm и куќиште изработено од висококвалитетен 316L челик со PVD премаз, тој комбинира елеганција и цврстина во едно. Сафирното антирефлексно стакло овозможува јасен поглед на маестрално отворениот механизам, при што секој детал од автоматскиот калибар е видлив и восхитувачки.

Повеќе на сликата 

Ремчето од кожа додава класичен и префинет изглед, правејќи го моделот совршен за сите прилики – од деловни состаноци до свечени настани. Со водоотпорност до 5 Bar, часовникот нуди и практичност покрај својата луксузна естетика.

Овој Skeleton модел е унисекс, создаден за оние што сакаат да носат парче уметност на своето зглобје. Tissot Chemin des Tourelles Skeleton не е само мерка на време – тоа е израз на префинетост, стил и страст кон часовничарството.

Овој и уште многу други часовници ќе ги пронајдете во продавниците на Божиновски, или онлајн на нивната веб страна.

*ПР објава