Чувајте го вашиот вид: 6 начини како да го заштитите
Овие 6 начини претставуваат вистинска превентива и заштита на здравјето на вашите очи.
Правилно поставето го работното биро
Поставете го на место каде што ќе може да ја видите најдалечната точка во просторијата. Исто така, компјутерот или мониторот не ги поставувајте покрај прозорец, бидејќи силното светсло создава стрес за очите.
Менувајте го фокусот
Постои една вежба „10-3-10“ наменета за секој кој работи пред компјутер и тоа препорачливо е неуморно да се потворува. После секој 10 минути погледнете во некој предмет кој е оддалечен најмалку 3 метри од вас. Задржете го погледот на тој предмет околу 10 секунди, правилно дишејќи.
Не смеете да работите пред компјутер во темнина
Просторијата секогаш мора да ви биде добро осветлена. Ако работите пред компјутер во мрак, тоа најмногу му штети на вашиот периферен вид.
Намалете ја светлината на мониторот
Обидете се да ја намалите светлината која се рефлектира од мониторот. Отсјајот е јак извор на светлина, а поради него нашето тело несвесно се подместува за очите да ја избегнат светлината и така доаѓа до искривување на `рбетниот столб.
Правилно трепкање
Здравото око со нормален очен притисок, во просек ттрепка од 10 до 12 пати во една минута,отприлика на секој пет секунди. Кога не трепкате доволно, окото се напнува, се суши и многу брзо се заморува.
Лесна вежба за трепкање
Лесно и брзо трепнете 20 пати, без стискање на очните капаци. Лицето мора да ви биде опуштено. Откако ќе трепнете 20 пати, затворете ги очите и одморете неколку секунди.