Д-р. Несторовиќ откри што му рекле Кинезите во „четири очи“ за коронавирусот
Еден од најпознатите и најпризнатите српски пулмолози- Пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ изјави дека доаѓањето на кинески експерти во Србија е од големо значење, затоа што, како што рече, тие ни кажаа што не е напишано во книгите – во четири очи.
Како гостин во емисијата „Ќирилица“, Несторовиќ рече дека еден од нивните предлози бил да се отвори ковид болница, како онаа на Белградскиот саем кое е огромна.
„Ни рекоа дека нема лечење од дома, како што ние направивме. Мора да се намали епидемискиот ланец. Секој што е позитивен оди на Саемот, во таа инмрповизирана болница “, откри лекарот.
Според него, друга клучна препораката е да не се даваат антивирусни лекови, туку да се користи хлорохин.
И третата работа, како што тој наведува, но не помалку важна, е тоа што, додека Кинезите беа во Србија, докторите и епидемилолозите ги добиваа материјалите и извештаите за краток временски период.
Тој потсети дека имале уникатна ситуација - потполно нов агент за кој знаеле многу малку.
Дали и ние треба да повикаме Кинески доктори на помош?