„Да ги слушнеме и гушнеме“ советите и знаењето на искусните и успешните

– Во време на брзо живеење, зависност од дигитални технологии и алатки за вештачка интелигенција, младите генерации често забораваат на вредноста и важноста на советот и искуството од повозрасните, од оние кои зад себе оставиле многу. Сите некако забораваме дека животното искуство на нашите родители, баби и дедовци, ментори може многу да нѝ помогне во справувањето со професионалните, семејните, личните предизвици.

Со цел да им даде глас на припадниците на повозрасните генерации, Халкбанк ја започна кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која е наменета на генерациите пред нас, на оние кои нè пораснаа и нѝ го покажа патот по кој чекориме денес. Во рамки на оваа кампања, на 31 март ќе се одржи конференцијата „Чувари на мудроста“ на која ќе говорат успешни новинари, стопанственици, уметници, културни работници, професори.

„Идејата на оваа активност не е само да им дадеме повеќе простор на успешните и реномирани луѓе од Македонија туку едноставно да ги поттикнеме сите млади да им обрнуваат повеќе внимание и да поминуваат повеќе време со повозрасните. Нивното искуството е вистинско богатство и инспирација, а тоа е една од максимите на оваа кампања“, вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк АД Скопје.

На првата конференција „Чувари на мудроста“ ќе се дискутираат интересни теми за значењето на професионалната надградба и кариерниот развој, економија, претприемништвото, значењето на културната едукација. Целната публика се пред сè младите луѓе и токму затоа покани за присуство ќе бидат испратени до младински граѓански организации, студенти, млади претприемачи итн.

Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ започна во октомври минатата година. Во рамки на истата се спроведоа повеќе активности меѓу кои акцијата „На кино со баба и дедо“ во рамки на која во повеќе градови во Македонија се прикажуваа македонски филмови. Исто така, во пресрет на новогодишните празници, во повеќе домови за стари лица се организираа игранки со истакната естрадни уметници.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се достапни на веб страницата https://cuvarinamudrosta.mk/

*Пр објава