Да ви е мерак да живеете во Македонија: Најефтина облека, храна и хотели во Европа

ЕУРОСТАТ неодамна објави податоци за нивото на цените на потрошувачките добра и услуги во ЕУ, Велика Британија, Исланд, Норвешка и Шведска, земјите кандидати за пристапување во ЕУ (Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција), како и и во една потенцијална земја кандидат - Босна и Херцеговина.

Може да се забележи дека Србија е малку поскапа од земјите во регионот кога станува збор за набавка на облека, додека жителите на Црна Гора имаат повисоки цени на обувки од Италија, Шпанија или Словенија. Домаќинствата во Србија, заедно со Турција, трошат најмалку на енергија, а цените на алкохолните пијалоци и тутунот се пониски.

Она што се забележува во анализата на ЕУРОСТАТ е дека цените на стоките за широка потрошувачка и услугите варираат многу низ цела Европа. Генерално, највисоки цени плаќаат жителите на Данска, дури 41 процент над просекот на ЕУ, додека во Бугарија вкупните цени на потрошувачките добра и услуги се пониски за 47 проценти во споредба со европскиот просек.

Швајцарија, Исланд, Норвешка, Данска, Ирска, Луксембург, Финска, Шведска, Велика Британија, Холандија и Белгија се меѓу првите земји чии граѓани плаќаат највисоки цени за крајна потрошувачка на стоки и услуги. Германија, Италија и Шпанија се во просечните цени на ЕУ платени од домаќинствата во овие земји. Житeлите на Турција, Македонија, Бугарија, БиХ, Романија, Србија, Црна Гора, Албанија, Полска, Унгарија, Литванија и Хрватска имаат најниски трошоци.

Најевтина храна и облека во Македонија

Кога станува збор за храна и безалкохолни пијалоци, просечно за нив се издвојуваат околу 17 проценти од буџетските трошоци. За алкохолни пијалоци и тутун околу пет проценти, облеката околу четири проценти, додека обувките, во просек, сочинуваат еден процент од буџетските трошоци на домаќинствата во наведенте земји.

Според податоците од анализата, Данска е меѓу земјите во Европа кои имаат најскапа храна и безалкохолни пијалоци, облека и обувки, а Ирска има највисоки цени за алкохолни пијалоци и тутун. Меѓу нив, Швајцарија е земја со највисоки цени на храна и безалкохолни пијалоци, Норвешка е рекордер според цената на алкохолните пијалоци и тутунот, додека Исланд има најскапа облека и обувки.

Од друга страна, Македонија е земја со најниски цени на храна и безалкохолни пијалоци, како и на алкохол, тутун и облека. Облеката и обувките се ито така најевтини и во Турција. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Романија има најевтина храна и безалкохолни пијалоци, додека Бугарија е земја каде алкохолот и цигарите се купуваат најповолно од сите земји на ЕУ.

Најскапите цигари во Хрватска во регионот

Во нашиот регион, најскапите прехранбени производи и безалкохолни пијалоци се плаќаат во Словенија, по што следуваат Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и на крајот Македонија. Алкохолот и цигарите во просек се малку поскапи во Хрватска отколку во Словенија, во Црна Гора малку поскапи отколку во Србија и БиХ.

Интересно е што обувките во регионот се најскапи во Црна Гора и Србија, односно оваа стока поевтино ја купуваат жителите на Македонија, БиХ, Хрватска и Словенија. Најскапо е да се купи облека во овој регион во Словенија, потоа во БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија.

Забележливо е дека постојат големи разлики меѓу земјите во цената на алкохолот и тутунот. Според авторите на анализата на ЕУРОСТАТ, ова е последица на големите разлики во оданочувањето на овие производи во сите 37 наведени земји. Има многу помала разлика во цените на облеката и обувките.

До Бугарија за мебел

За енергија, односно електрична енергија, гас и други горива, просечното домаќинство во во овие 37 земји дава околу четири проценти од своите трошоци, за мебел, теписи и други потреби за опремување на куќата околу два процента, а еден процент оди за бела техника и електроника за широка потрошувачка.

Од земјите на ЕУ, Унгарија има најниска цена на електрична енергија, и од сите други земји кои не се членки на ЕУ, Турција, Србија и Македонија. Данските граѓани, за потрошувачка на енергија, даваат рекордни износи во однос на сите други членки на ЕУ, иако Швајцарија бележи убедливо највисоки цени.

Најскапиот мебел го плаќаат жителите на Луксембург, додека цените на овие производи се најниски во Бугарија. За малите апарати за домаќинство, Малта е најскапа меѓу земјите на ЕУ, додека Франција има највисоки цени на потрошувачките електронски уреди. Во ЕУ, Полјаците имаат најниски цени на малите апарати за домаќинство и електронски уреди за потрошувачка во домаќинствата.

Кога станува збор за нашиот регион, во Србија се плаќа поскап мебел отколку во Црна Гора, БиХ, Македонија, но сепак е поевтин отколку во Албанија, Хрватска или Словенија.

Домаќинствата одвојуваат просечно околу три проценти од трошоците за превоз со автобуси, железница и подземна железница. Разликата во цената на превозните средства во европските земји не е голема. Данска и Норвешка се издвојуваат според висината, додека превозот е најевтин во Словачка.

Кога станува збор за нашиот регион, повторно Србија е поскапа од Црна Гора, Романија, Бугарија и БиХ, но сепак е поевтина од Македонија или Албанија.

Комуникациите, за кои секое домаќинство во Европа троши во просек три проценти од својот буџет, се најскапи во Исланд, а најмалку во Романија. 

Швајцарија, Ирска, Норвешка, Луксембург, Велика Британија, Холандија и Белгија исто така имаат високи трошоци за овие услуги. Германија, Италија и Шпанија, според трошоците за овие услуги, се во европскиот просек.

Исланд се истакнува со највисоки цени на рестораните и хотелите, додека Македонија има најниски цени од сите анализирани земји. Во ЕУ, Бугарија е најевтина. Во регионот, рестораните и хотелите се нешто поскапи во Србија, следени од Црна Гора и БиХ, но цените на овие услуги се уште се пониски од просекот на ЕУ.

Извор: ЕУРОСТАТ

Фото: freepik