Дали би погодиле од прва: На која возраст се најпривлечни жените, а на која мажите?
Дали некој е привлечен или не зависи од многу фактори, а најновото истражување покажува дека и годините имаат врска со тоа.
Една студија објавена во списанието New Beauty се обиде да даде универзален одговор за привлечноста.
Во истражувањето учествувале 16.000 луѓе од осум земји: Германија, Италија, Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Австралија, САД и Канада.
Сите испитаници одговориле на едно навидум едноставно прашање: на која возраст се најпривлечни жените, а на која возраст мажите?
Резултатите од истражувањето покажале дека жените се најатрактивни на 28, а мажите на 32 години.
Интересно е што резултатите во поединечни земји се разликуваат од вкупните резултати.
Така, на пример, во Велика Британија универзалниот одговор беше дека жените се најубави на 23, а мажите на 33, додека Американците сметаа дека жените се најпривлечни на 31, а мажите на 34 години.