На оваа лотарија, среќниот добитник добива гробно место

Во Париз, можете да се шетате и да им оддавате почит на писатели, музичари и мислители на познати гробишта, а сега имате можност да бидете погребани покрај нив. Пер Лашез и Монмартр се гробишта кои претставуваат еден вид туристичка дестинација и им даваат можност на посетителите да посетат гробови кои личат на уметнички дела. Парижаните сега имаат шанса да освојат место за погреб покрај познати уметници, од Џим Морисон до Оскар Вајлд.

Лотаријата што ја нуди градот Париз претставува компромис во зачувувањето на Пер Лашез и гробиштата Монмартр. Трошоците за одржување на гробиштата се одговорност на семејството, а не на градот, што доведува до распаѓање на многу споменици. Градот се надева дека новата иницијатива ќе помогне во зачувувањето на гробиштата.


Како меѓу познатите?

Програмата е достапна за жителите на Париз, а среќните добитници ќе бидат извлечени во јануари следната година. Се нудат десет гробни места на кои им е потребна реставрација, а ексхумираните лица еден ден ќе бидат погребани покрај реставрираните споменици. За реставрацијата на споменикот е потребно да се издвојат 4 илјади евра. Потребно е споменикот да се уреди во рок од шест месеци, а дизајнот мора да одговара на оригиналот.

Покрај парите што треба да се издвојат за реставрацијата, потребно е да се изнајми гробно место, а вкупната цена за да се биде погребан на познати гробишта изнесува 18 илјади евра.

Зошто се посетуваат гробиштата?

Над 4 милиони луѓе ги посетуваат гробиштата во Париз секоја година. Тие претставуваат доказ за културната историја на градот. Пруст, Шопен, Балзак, Дира, Стендал, Дега, Берлиоз, Бранкуси и многу други истакнати уметници се погребани тука. Покрај фасцинацијата од посетата и сентименталното размислување на гробовите на познатите луѓе, многу гробници имаат карактеристики од архитектонски, културен или историски интерес и можат да се посетат со водена тура.

Париските гробишта не се само потсетник на богатото историско наследство на градот. Секако, имате можност да видите каде се погребани луѓето што загинале за време на владеењето на теророт или да ја посетите плочата каде што биле стрелани членовите на Париската комуна. За оние кои не се љубители на историјата, прошетката низ гробиштата нуди поглед назад кон готската архитектура и потсетник на сите уметници инспирирани од градот на светлината!

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Bizlife.rs