Дали е можно да се вежба премногу?
Ако вежбањето е добро за нас, тогаш повеќе вежби треба да бидат уште подобри, нели?
Па, не баш. Премногу посети на теретана или кардио сесии може да го уништат сето она што сте го направиле претходно, а во исто време може да го оштетат срцето, артериите и да предизвикаат чувство на зависност.
Кога се прави правилно, вежбањето е многу добро за секој од нас - ни помага да останеме во форма, да го одржуваме кардиоваскуларното здравје, па дури и да ја победиме депресијата. Во зависност од вашата возраст, здравствена состојба и избор на вежби, прекумерната физичка активност може да има различни несакани ефекти. Општо земено, возрасните треба да имаат пет часа умерено вежбање неделно или два и пол часа интензивна обука, додека комбинацијата од горенаведеното се наметнува како опција.
Едно истражување открило дека луѓето кои трчаат лесно или умерено имаат помал ризик од смрт отколку луѓето кои воопшто не вежбаат, додека луѓето кои трчаат интензивно три или повеќе пати неделно имаат ист ризик како и луѓето кои не вежбаат.
Екстремни вежби за издржливост, како што се ултра-маратони, може да доведат до оштетување на срцето, срцев ритам и зголемени артерии, бидејќи, како што велат експертите, тие се оние кои имаат екстремни побарувања кон нашиот кардиоваскуларен систем.
Прекумерното вежбање кај мажите може да предизвика пад на либидото, поради физички замор или пониско ниво на тестостерон, додека и мажите и жените се изложени на поголем ризик од повреди, фрактури на стрес и оштетување на тетивата. Вашиот имунолошки систем исто така може да страда. Според наводите, после вежбање има „прозорец“ 72 часа каде ви е загрозен имунитетот, што значи дека вирусите и бактериите полесно можат да се најдат во вашето тело.
Како и за сè друго во животот, кога станува збор за вежбање, клучот е умереноста.