Дали веќе сум имал коронавирус, како да го знам тоа и што треба да правам?

Симптомите на Covid-19, кога се појавуваат, варираат во голема мера и се занемарени, што укажува на тоа дека многу луѓе веројатно ќе бидат ненамерно заразени. Тоа е причината зошто некои изразија загриженост дека тие веќе можеле да имаат коронавирус, само што не добиле потврда преку тестирање. Дали е ова дури и можно и како да се знае? Како да се однесувате ако мислите дека можеби сте се заразиле, прашува влијателниот Гардијан.

На овие прашања одговорија двајца доктори, д-р Дејвид Бушхолц, медицински директор и доцент на педијатрија на Универзитетот Колумбија и д-р Вилијам Хилман, помошник директор во општата болница во Масачусетс.

Дали постои некој начин да откриеме дали некој имал Covid-19 и не му е дијагностициран?

Д-р Вилијам Хилман: Во овој момент, немаме тест за тоа. Ние развиваме тестови за антитела за да провериме дали постои инфекција, но тие сè уште не се подготвени за клиничка употреба. Единствениот начин да се дознае е да се тестирате додека сте болни и тестот да биде позитивен.

Може ли да имам Covid-19 без никакви симптоми?

Д-р Хилман: Коронавирусот, всушност, има низа симптоми, од луѓе кои воопшто немаат никакви симптоми и немаат поим дека ги имаат, до луѓе со многу благи симптоми, слични настинки - течење на носот и затнатост, болки во грлото - до луѓе со симптоми слични на грип - силна треска, болки во мускулите, останување без здив и кашлица. Тоа е кај луѓето со сериозни симптоми, кои ги гледаме во болниците на респиратори, со потреба од интензивна нега (неодамнешните извештаи укажуваат дека губењето на мирисот и вкусот се исто така знаци на Covid-19).

Колкав процент од носители се без симптоми?

Д-р Дејвид Бушхолц: Во овој момент во Њујорк, ние ги тестираме само најболните луѓе. Значи, ние немаме поим. Сепак, постои една студија на Исланд, каде што бил тестиран голем дел од популацијата, а околу педесет проценти од луѓето кои биле позитивни немале никакви симптоми.

Дали луѓето без симптоми се заразни?

Д-р Хилман: Значителен процент на луѓе кои се целосно без симптоми се заразни одредено време. Во овој момент, ние едноставно не знаеме колку долго, бидејќи немаме достапни тестови за откривање на асимптоматски инфекции.

Кога луѓето имаат симптоми, тие се заразни. Еден ден или два пред да се појават симптомите, тие веројатно се и заразни. Вирусот се шири и се развива, а потоа откако ќе исчезнат симптомите, лицето може да биде заразено неколку дена. Имаме докази за ширење на вирусот дури неколку недели откако симптомите престануваат. Тешко е да се знае дали станува збор за вистински живвирус што сè уште може да зарази некого, или дали станува збор за само мртов вирус што телото го исфрла од себе.

Дали некој треба да се однесува поинаку ако мисли, ама не е сигурен декавеќе го имал?

Д-р Бушхолц: Сите ние треба да се однесуваме примерно. Ако сите сме заедно во ова, сите треба да ја почитуваме социјалната дистанца.

Д-р Хилман: Бидејќи во овој момент на постои вистински начин да откриете дали тој го имал освен ако имате симптоми и не се направи тест за да се дијагностицира, јас би постапил како да сум го немал. Продолжете да ги правите сите оние работи што сите треба да ги правиме во моментот: социјално растојание и миење на рацете.

Ако мислам дека можеби сум го имал, дали имам морална обврска да им кажам на луѓето со кои дојдов во контакт? Дури и ако имам само настинка?

Д-р Бушхолц: Апсолутно да. Јас сум во Њујорк, а вирусот беше во заедницата пред да го знаеме, дефинитивно. Значи, да, сите членови на семејството и блиски пријатели, можеби некој со кого работите, мислам дека само би ги предупредил, особено ако тоа било во последните 14 дена. Ако поминаа повеќе од 14 дена, тие веќе ќе се разболеа и ќе покажуваа симптоми.

Д-р Хилман: Од секојпоединец ќе зависи што мисли дека е правилно. Ако на некој му е дијагностициран коронавирус, можеби ќе чувствува посилна обврска да им каже на луѓето затоа што ако сте биле во близок контакт со здравствен работник, тоа може да има последици по и за него.