Дали знаете што се „камени на гладот“? На нив има предупредување кое гласи „Ако ме видиш, тогаш плачи“

фото:PROFIMEDIA

Европа во моментов се соочува со интензивна суша која се заканува да стане најлошата забележана во последните 500 години, што доведе до пресушување на речните корита и појава на скриени историски реликвии.

Периодот на интензивна суша што го зафати поголемиот дел од Европа, летово имаше негативно влијание врз водостојот на реките и влијаеше на нивното повлекување, што резултираше со бројни откритија. Еден од нив се и камењата издлабени пред неколку века, кои имале за цел да ги предупредат идните генерации на тешки времиња.

Како што објави „Мајами хералд“ и пренесе „Сајенс алрт“, на реката Елба минатата недела се појавија карпи стари со натписи, познати и како „камења на гладот“. Истражувачите истакнуваат дека натписите датираат од 1616 година и содржат предупредување на германски јазик кое гласи: „Venn du mich seehst, dann veine“, што на српски би значело: „Ако ме видиш, тогаш плачи“.

Во студија објавена во 2013 година, тим чешки истражувачи кои ги анализирале напишале дека се „извајани во тешки години“ и затоа луѓето сакале да „предупредат за последиците од сушата“. Натписот објаснува како сушите резултирале со лоши жетви, недостиг на храна, високи цени и голем глад во 1414, 1616, 1707, 1746, 1800, 1811, 1830, 1842, 1868, 1892 и 1893 година.

Овие „хидролошки знаменитости“ за последен пат можеа да се забележат во 2018 година. Сепак, сегашната суша што владее со Европа според некои податоци би можела да биде најлошата забележана во последните 500 години.

Истражувачот Андреа Торети од Европската комисија изјави на прес-конференција на 9 август дека во последните 500 години ниту еден настан не бил сличен на сушата во 2018 година. Но, како што додаде, неговото мислење е дека годинава ќе биде уште полоша на тој план бидејќи постои ризик и онака лошите временски услови да продолжат најверојатно и во следните три месеци.

Сè поголем број студии ги поврзуваат почестите и поинтензивни периоди на суша со климатските промени, што резултира со зголемување на глобалната температура и промени во врнежите. Според Европската опсерваторија, 47 отсто од европската територија во моментов е под предупредување за суша - што значи дека има недостаток на влага во почвата.

Камењата на гладот не се единствените скриени реликвии што се појавија во изминатите неколку недели од европските реки погодени од суша. Повлекувањето на водата поради климатските промени го откри и Нероновиот мост кој се појави во реката Тибар.


извор:nationalgeographics