Дебели, најадени и среќни: Тежината на Јани Макрадули, Катица Јанева и Гоце Тодоровски
Си имаат заеднички пријател- храната. Видливо е се што ќе изедат, но тоа не значи дека не се многу повеќе од својата тежина
Денес повеќето се соочуваме со вишок на килограми. Многу е тешко да се симнат, посебно ако масните наслаги се таложеле со години. Мака мачиме, гладуваме, па ќе се прејадеме, вежбаме па ќе се прејадеме, одиме на третмани и пак ќе го наполниме мешето. Кај одредени личности дебелината е предизвикана од разни хормонски таблети, оние за притисок или седативи. Вечно гладни, ненајадени, а фрижидерот милно не повикува. Нездравиот начин на исхрана исто така допринесува за килограм плус исто како и неактивноста и мрзоволието. После сме незадоволни од својот изглед, секоја “планинка” ни се познава на телото и никогаш немаме што да облечеме. Тежок е процесот на слабеење. Бара многу откажувања, ментална сила и упорност. Но, се' се постигнува на вистински начин и со волја.
Луѓето со прекумерна телесна тежина се дружељубиви. Знаат дека не може да се ослаби сега и веднаш. Да се скриваат е лудост! Но, дека треба промена, треба! Ние сме “буцкаста” нација. Си сакаме се од нашата традиционална кујна. Макало без леб? Не доаѓа во предвид. Ајвар без леб? Па тоа е непоимливо. Повеќето си признаваме дека “кркаме”. На слава на пример… Неодолевањето на храната, страста при конзумирањето и сласта при јадењето оформуваат изглед на топка. Најмногу страда стомакот, неретко и бутовите и образите. Клучот е во умереноста. Кој ќе го пронајде, ќе ослаби. Неколку наши познати личности килограмите си ги носат на секаде. Но секој со својата планина! Не знаеме што се им се случува. Не судиме, само укажуваме. Има една поговорка која вели “Дебели, ама среќни”… Барем се најадени!
Јани Макрадули
Дали со годините или со спортска неактивност, пушти стомак. Сега навистина се гледа дека е гурман. Носи широки костуми, но масивноста не може да се скрие. Но колку и да се гледа, Јани нема потреба да се исповеда никому за изгледот. Само нека внимава.
Катица Јанева
Толку актуелна дама сме немале со години. Откако се појави е со иста или сличн тежина. Ама на неа килограмите некако слатко и стојат. Треба многу да внимава во изборот на облека. Никако цветни и шарени дезени. За неа одговараат смирени линии, дискретен накит и убава фризура.
Гоце Тодоровски
Пораснавме со него и низ годините ја гледавме неговата трансформација. Сега има вишок на килограми но тоа не му пречи да биде хумористичен и профи во се што работи. Кај него килограмите дури и изгледаат ненападно. Облекува претежно широки кошули, но и тој треба да внимава околу дезенот и кројот.
Небојша Толески