„Денешните фудбалски асови се како манекени, им недостасува костум и вратоврска на терен“

Мал голем човек. Кој прв постигна гол на отворањето на Маракана, иако беше во шорцеви. Бомбардер на Црвена звезда. Со еден збор, Трифун Михајловиќ. Постарите генерации ќе се сетат на него, фудбалерот од поранешна Југославија кој жареше и палеше.

Трифке како што го викаат е стара школа, не зборува само за фудбал, има многу теми за кои разговара. Тој никого не прозива, едноставно го разбира и прифаќа ова ново време, иако тоа не лежи во неговото срце. Еве зошто.

„Јас, и повеќето мои соиграчи од тоа време, не бевме материјално заинтересирани. Играв фудбал, не го пдработував. И сега, кога ќе видам колку луѓе дрпаат, да го кажам ова, иако тоа не е мој начин, јас сум тажен затоа што не сум во можност да направам нешто физички и психички, да помогнам… “

„Дали е можно децата да мораат да плаќаат кога одат во фудбалски школи? „Наместо да бараат талент, да го чуваат како зеницата во окото и да им дозволат да учат и да напредуваат, родителите треба да работат напорно за да им овозможат да тренираат и да уживаат во фудбалот.

„Многу се смени. Денешните асови се како модели- манекени. Тие ги менуваат своите фризури скоро секој ден, се депилираат, косата им пречи, носат маици под дресовите, само им треба костум и вратоврска“.

„Во мое време, асовите беа постојано мета на противнички играчи и не им беше лесно на оние кои беа мајстори, кои дриблингуваа, играа за навивачите. Постои голема разлика во условите, терените се совршени, а интересно е што, особено во Англија, се полеваат дури и кога врне за да се игра побрзо “.

А топките се многу помали, прилагодени на напаѓачите, а не на голманите. „Да, да“, се смее бомбардерот кој лесно ги тресеше мрежите од 30 до 40 метри.

Секако, Трифке ја следи својата Црвена звезда, но не може да прежали што се игра без присуство на публика.


„Многумина ќе речат, сите се исти. Но, не е така. Тврдам дека навивачите се најдобриот играч на Црвена звезда. Беа и останаа. Кога тие се на трибините, ние сме 50 проценти посилни. На сите им се тресеа панталоните кога минуваа низ тунел што води кон полето. Еве, пред некој ден, им реков на некои стари фудбалски пријатели од околината и тие се осврнаа на тој феномен. Тие рекоа: „Трифке, кога се приближувавме кон Белград, колената веќе се тресеа, и кога излеговме на тревата на Маракана, разговаравме едни со други - само да не добиеме повеќе од два гола“

„Ние сме доминантни на овое простори, но Европа е нешто друго. Денес се трошат многу пари во европскиот фудбал и тешко е да се совпаднат најголемите. За да можат клубовите во Србија да живеат, а не само да преживуваат, потребна е широка акција. Сепак, тоа е тешка тема за која ништо не може да се каже во две реченици, потребна е елаборација “.

Извор: Спорт клуб

Фото: Принтскрин, Црвена Ѕвезда, Новости, Фб.