Детаљ од нечија туш-кабина хит на Фејсбук! Мора да видите од што направил држач за шампони

Фотографија од нечии туш-кабина стана вистински хит на Фејсбук – а причината е несекојдневен држач за шампони. 

Имено, снаодлив корисник наместо класична полица искористил куќиште од стар десктоп компјутер, кое го претворил во импровизиран ормар за бања.

Во прв план паѓа вентилаторот, кој, рака на срце, може да послужи и како закачалка, но поентата е на другата страна.

Објавата предизвика стотици коментари и споделувања, а корисниците на социјалните мрежи се насмеаја на оваа необична идеја, додека некои порачаа дека „ова е рециклажа на сосема ново ниво“.