Ди Каприо и Ким Кардашијан во акција: Стоп на омразата за профит
Леонардо Ди Каприо, Џејми Фокс, Саша Барон Коен, Ким Кардашиан Вест и Мајкл Б Џордан се само дел од познатите личности кои се вклучија во кампањатана еден ден да ги бојкотираат Фејсбук и Инстаграм со цел да се подигне свесноста за омразата која се шири на социјалните мрежи.
Движењето #СтопНаОмразатаЗаПрофит (#StopHateForProfit), кое повика на 24-часовно „замрзнување“ на користењето на Инстаграм во текот на денешниот ден, вели дека Фејсбук не прави доволно за да се спречи говорот на омраза на неговите платформи. Ова движење во јули успеа да убеди стотици организации да го паузираат рекламирањето на платформите во сопственост на Фејсубк.
Ди Каприо соопшти дека се вклучува во акцијата на граѓански организации од САД во повикот „сите корисници на Инстаграм и Фејсбук да протестираат за засилената омраза, расизам и поткопување на демократијата преку овие платформи“.
Од Фејсбук велат дека направиле промени во следењето на говорот на омраза, а ќе назначат и нов директор кој ќе ги надгледува проблемите со граѓанските права.