Diners Club Македонија добива ексклузивни франшизни права за 4 нови пазари

Благодарение на одличните резултати, изградената репутацијата и големите вложувања и активности на пазарот, Diners Club Македонија доби дозвола за откупување на франшизните права за проширување во четири земји, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, со што пазарот се зголемува од 2 на 16 милиони потенцијални членови. Стратегијата на компанијата е проширувањето и менаџирањето со овие пазари да се одвива централизирано од Скопје, а првиот чекор е да се овозможи прифаќање на картичкитена Diners Club International и Discover Financial Services во секоја од земјите, со што македонските членови на Diners Club ќе можат да ги користат своите картички и добиваат поволности и во соседните земји.

„Драго ми е што вложениот труд и успешните резултати на целиот тим на Diners Club Македонија се препознаени од Discover Financial Services, под чија надлежност работиме во Македонија. Во изминатите 2 години, по откупувањето на сопственоста на Diners Club Македонија, нашата стратегија и активности целосно се насочија кон модернизирање на продуктот, на дигитализација на севкупните процеси во работењето со цел зголемување на задоволството на нашите членови. Веруваме дека досегашното работење во Македонија, знаењето и искуството на тимот е сигурна основа за успешно воведување на Diners Club во соседните земји“ - вели Божидар Јанковски, директор на компанијата.

Diners Club Македонија постои од 1995 година и во изминатите 27 години во компанијата се променети 3 сопственички структури. Во 2020 година компанијата за првпат премина во 100% македонска сопственост и е единствената франшиза на меѓународно ниво која е во сопственост на физичко лице, а не на финансиска институција.

Diners Club Македонија работи на македонскиот пазар под франшиза издадена од Discover Financial Services во САД, интернационална компанија која е присутна во повеќе од 200 земји, има издадено повеќе од 280 милиони картички со вкупен годишен промет од 500 милијарди долари.

Повеќе информации за работењето и услугите на Diners Club Македонија можете да најдете на www.diners.mk

ПР објава