(ФОТО) Дизајнерот Папаз со девојката ужива на Бали

Модниот дизајнер не секогаш изненадува само со своите креации. Папаз го смени изгледот и замина на патување со својата девојка

Го нарекуваат “модниот дизајнер на познатите”. Постојано е преокупиран со работа, или дизајнира за во театар или за своите клиентки. По успешните колекции кои ги прикажа на “Моден викенд- Скопје”, Андреј Папаз Ѓоргиевски сега е се поприсутен на македонскиот пазар. Неговите дизајни изобилуваат со раскош и костимографски ефекти. Деновиве им рече “збогум” на Скопје и Битола, неговиот роден град и замина на Бали.

Но само за да се одмори и да се релаксира во рајскиот остров. Го користи максимално одморот на плажа и во запознавање на културата, а со неговата девојка уживаат во заедничките мигови и во посета на храмови.

За Бали ја смени и бојата на косата. Сега има руса коса, а облеката му е во духот на тамошната традиционална носија.

Н.Т.