ДОАЃА ДОЛГА И СТУДЕНА ЗИМА: Вонредни мерки за штедење струја во Европа, во Германија температури во јавни згради до 19 степени!
Големото поскапување на енергенсите поради руската инвазија на Украина и воведувањето санкции против Русија ги принуди повеќето земји-членки на Европската унија да донесат вонредни мерки за заштеда на енергија!
Иако летото сѐ уште не е завршено, веќе е сигурно дека Европа ја чека една од најстудените зими бидејќи астрономските цени на гасот, нафтата и струјата ја турнаа рецесијата
Крајот на изобилството
Неколку европски претставници во последните денови ги предупредија граѓаните на нивните земји за тоа што ги чека:
- Доживуваме голема промена. Пристигна крајот на изобилството и негрижата – изјави Емануел Макрон, претседателот на Франција.
Белгискиот премиер Александар де Кроа беше уште попесимист:
- Следните пет до десет зими во Европа ќе бидат тешки. Многу сектори се борат со високите цени на енергијата. Внимателно следиме, но мораме да бидеме транспарентни. Повеќе на Фактор.мк
Фото: фреепик