Додека е во тоалет, Џеф Безос заработува колку некој за 50 години
„Со оглед на сегашното богатство на Џеф Безос и неговата возраст, колку ќе биде неговата саатница? Излегува дека во неговиот 56-годишен живот секој час заработувал по 230.000 долари. Не секој работен час, секој час од животот, и како дете и како ученик и како возрасен“...
Ова го напиша Работничкиот фронт од Загреб на Facebook за богатството на Џеф Безос, основачот на Amazon и најбогатиот човек на светот.
Тие ја пресметале неговата саатница, така што, меѓу другото, зеле во предвид дека тој поминува десет минути во тоалет. Во тоа време, пишуваат од Работничкиот фронт, заработува колку и некој на работ на сиромаштија во 50 години.
Минималната саатница во САД изнесува 7,25 долари. Лицето со минимална плата мора да работи 31.772 работни часови, т.е. околу 11 години (ако работи по 8 часа на ден), да заработи онолку колку што заработува Безос во еден час.
„Ако Безос оди во тоалет и остане таму 10 минути, тој за тоа време заработува колку и човек кој живее на работ на сиромаштијата (2 долари на ден) за време на 50 години“, пишува Работничкиот фронт.