„Дојде мајсторот и за 10 минути ми зема 100 евра“: Покрај тоа го почестил и му сварил кафе
Ова не е
виц,туку релана приказна што ја доживеал еден твитерџија од Белград.
Тој не криеше дека е изненаден од „тарифата“ на мајсторот, но вели дека сепак е благодарен бидејќи водоинсталатерот дошол од одмор и му го решил проблемот.
- Итни интервенции - водоинсталатер: Блокиран ми е одводот во кујната. За буквално 10 минути мајсторот го средил проблемот и му наплатил 12.000 динари. Почитувам. Му благодарам што дојде на празник...напиша тој.
И како напомена го додаде следново.
- Само без коментари на докторатите кои немаат работа. Под оваа објава, коментарите продолжија да се вртат.
„100 евра за чистење на одводот?!?“, „Чекајте, плативте околу 100 евра за чистење на одводот“ „Му благодарам на водоинсталатерот, не му треба докторат за да пресмета дека си будала“.
Твитерџијата одговори:
- Му се може и тоа е во ред. Немам ништо против тоа што ако некој работи работа што никој не ја прави да наплати колку сака, на што доби повторно одоговор...
„12.000 е навистина грабеж. Тој го користи вашиот проблем, а не вредноста на својата работа“
-Го користи проблемот, но го користи и фактот дека никој не сака да биде мајстор. И додека е така нека наплаќа. Јас сепак го почестив, тој ми го реши проблемот - вели авторот на првичниот твит.
„Сè уште е премногу“, „Ја почитувам занаетчиството, но дека се скапи, се„, велат други.
И додека се нижеа коментари еден, твотерџија праша “ Далипрашавте за цената?
На што „оштетениот“ одговори, се разбира. Првите побараа 18.000. Овој рече 12.000 и дојде за 20 минути. Платив, послужив, му сварив кафе, понудив пиво и му се заблагодарив! - напиша авторот.