Дојде на свадбата од сестра му со Лама: Не се воодушеви невестата

Пред пет години, Мендл Вајнсток се возеше со својата сестра Рива од Охајо до Индијана. За време на возењето, Рива, наводно, зборувала за нејзината венчавка како да треба да биде следниот ден, иако не била планирана, а немала дечко, пренесува Фокс.

Братот тогаш и рекол дека ако го натера да дојде на таа свадба, ќе дојде во придружба на животното лама. Во тоа време била лута на идејата и на крајот, на шега се согласила.

Рива се венча во 2019 година, а на денот на нејзината свадба годинава, нејзиниот брат дојде како што склучија договор, барем на шега од пред пет години.

Неговиот пријател му помогнал да и направи на ламата костум затоа што испадна дека е мажјак. Сè на сè, тој плати 450 долари, што вредеше за да се фотографира тој, сестра му и ламата.

Рива не сакаше да се фотографира веднаш до ламата, но таа се согласи да ја фотографираат, пренесуваат медиумите.

- Без оглед на мојот израз на лицето на фотографијата, сето тоа беше за мене комично. Таа слика на мојот брат до ламата е уникатно искуство “, заврши Рива.