Доктор му препишал радиум како лек, ефектите биле застрашувачки: Случајот на овој човек засекогаш ја промени фармакологијата

Во 1927 година, Ебен Бајерс почнал да пие „медицинска вода“ што ја препишал неговиот лекар, по три години неговото тело почнало да се распаѓа, а неговиот случај започнал дебата за безбедноста на употребата на лекови во Америка.

Син на индустријалец и богат наследник на чија перспективна иднина сите му завидуваа, тој можеше да живее привилегиран живот и да достигне зрела старост. Но, поради сплет на околности се здобил со повреда на раката која предвреме му ставила крај на животот, а чија смрт предизвикала револуција во медицината и фармацијата.

Лекарот предлага радиоактивен лек

Роден на 12 април 1880 година, како син на Александар МекБурни Баерс - колекционер на уметнички дела, финансиер и претседател на истоимената фабрика за челик, како и на Националната банка за железо во Питсбург. Тој израснал опкружен со богатство, што значело одење во престижните училишта на Св. Пол во Конкорд каде набрзо ја открил својата љубов кон голфот и спортот. По завршувањето на студиите, неговата иднина изгледала светла откако презел дел од семејниот бизнис.

Во ноември 1927 година, Ебен Бајерс се враќал дома за да присуствува на годишниот фудбалски натпревар Јеил-Харвард кога возот во кој се возел нагло запрел. Според некои извори, тој потоа паднал од креветот и си ја повредил раката. Неговиот лекар, во таа прилика, му препишал Радијатор - лек кој се прави со растворање радиум во вода - бидејќи во средината на 1920-тите, никој не знаел дека радиоактивниот материјал може да предизвика генетски мутации и рак доколку некој бил изложен на големи количини на радиум за доволно долго време.

Во текот на следните три години, медицинските досиеја на Бајерс забележале дека тој испил дури 1.400 дози од споменатиот лек. Што значи дека пиел до три шишиња дневно. Несомнено, Ебен Бајерс дури тврдеше дека лекот му дава чувство на „засилена“ енергија, но без оглед на причината, несаканите ефекти биле поразителни.


Застрашувачките ефекти на „радиоактивната вилица“ и крајот на „медицинскиот“ радиум

Во 1931 година, по првичните симптоми кои вклучуваат главоболки и губење на тежината, Ебен Баеjрс доживеаl шок кога неговата вилица почнаla да се распаѓа. Тоа беше само почеток бидејќи неговите коски и ткива се распаѓаle од внатре кон надвор во последните фази, давајќи му „монструозен“ изглед според неговите пријатели. Сепак, како што тврдеше и самиот Бајерс, тој не почувствувал никаква болка.

Во тој период, Федералната трговска комисија, врз основа на бројни примери со фатален исход, започна да го истражува ефектот на радијаторите врз човечкото тело. Кога ја слушнале приказната на Бајерс, Агенцијата го замолила да сведочи, но бидејќи бил премногу болен, испратиле адвокат по име Роберт Вин во неговата палата на Лонг Ајленд за да го интервјуира.

Подоцна Вин напишал: „Тешко е да се замисли пострашно искуство во пораскошно опкружување... Целата горна вилица на Бајерс, освен двата предни заби и поголемиот дел од долната вилица, му беа отстранети. Сите преостанати ткива од неговото тело се распаѓаa, додека во неговите направија дупки во черепите“.


Бајерс почина на 31 март 1932 година, на 51-годишна возраст. Иако причината за неговата смрт беше наведена како „труење со радиум“, вистинската последица е ракот предизвикан од лекот што тој го конзумирал три години. Извештаите тврдат дека имало толку многу радиум во неговото тело што дури и неговиот здив веројатно бил радиоактивен, поради што му било наредено да биде погребан во ковчег обложен со олово.

„Њујорк тајмс“ го следеше случајот во тоа време и објави дека набргу по случајот, Федералната комисија го затворила производителот на лекот Радијатор. Додека владата почна да ги казнува другите фармацевтски компании кои правеа „лекови“ на база на радиум.

Со текот на времето, „случајот Бајерс“ отвори многу прашања за безбедноста на користењето нови лекови, врз основа на кои федералната комисија и Управата за храна и лекови добија поголеми овластувања. Затоа, денес, секој лек мора да помине низ ригорозни тестирања и да биде одобрен како безбеден за човечка употреба од страна на FDA. А дел од заслугата за оваа строга практика оди на смртта на Ебен Бајерс.


IZVOR: PROFIMEDIA