Докторката го искара Ѓоковиќ: Ти си пример за сите, носи маска
Српската докторка Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, која е на првите борбени линии кога се работи за новата пандемија, зборуваше за состојбата на Ѓоковиќ додека го чекаше вториот, а подоцна се покажа како негативен наод на коронавирус.
- Тој беше тестиран по враќањето во Хрватска, иако немаше симптоми и тестот беше позитивен. За време на изолацијата во која тој бил, Ѓоковиќ не покажал никакви симптоми, се чувствувал добро цело време, а после тоа, во периодот помеѓу седум и десет дена од моментот кога тестот покажал дека е позитивен, тој повторно беше тестиран. Тој втор тест покажа дека Новак е негативен и дека вирусот КОВИД-19 веќе не е присутен во неговото тело - објасни Кисиќ Тепавшевиќ за „Блиц“.
Таа особено истакна една работа и го предупреди Новак
- Тој мора да продолжи да носи маска, тој мора да се придржува кон социјалните растојанија и мора да ги почитува правилата што се пропишани. Така, тој им дава пример на другите. Значи, носењето маски и физичката дистанца се две основни работи на кои мора да се придржуваме во овој момент за да излеземе од епидемијата - заклучи докторката.