Донесе некој кинески лек за ракот: Ги пиеше лековите и ѝ беше полошо- Божидар Божиновски на темата онкологија

Божидар Божиновски, исклучителен талент кој го распостила вешто преку зборови, а зборовите во дела. Уникатен е во изразот. Го следат и стари и млади, а тој често обединува со мислата. Па така и со случајот на онкологија. Постојано постира статуси за оваа тема, а ова е нешто кое го видел со свои очи:

„Уште го помнам гневот и омразата кои ги имав на 10-11 години кога ми почина баба, сестра на баба ми. Од рак, што во Битола и не е така несекојдневно за жал. На нејзини 68 години докторот реши да не и ја извади матката, но гневот не ми беше кон него.

Кога некој ти е болен не гледаш јасно, би направил сѐ за да е подобро, за да помине па и да веруваш во чуда. 90-тите немаше интернет, со отворањето кон светот се намножија разни чуда па и некој кинески лек за ракот. Ко денес го памтам ликот кој го носеше, еден од Скопје. Дојде Битола, рече можело да помогне. Терапијата беше околу 2000 марки, а шо е то за лек. Ги пиеше лековите и ѝ беше полошо. По некое време, околу Василица и почина. Може и немаше спас. Којзнае, тогаш само сакав да пораснам и да ја осветам. После некое време го имаше на вести, некој имал поголема желба за освета од мене.

Не ни можам да замислам како им е на семејствата кои изгубиле некој близок кој наместо со лек бил третиран со физиолошки раствор. Чија надеж била така изиграна, сите тие моменти на агонија кои ги поминале.

Македонија е мала и затвор им е најдобра опција“