Досега невидена фотографија на Лепа Брена со мајка ѝ: Колку се само исти (ФОТО)

Ифета Јахиќ ја поддржуваше својата ќерка со цело срце, а кога почина во 2014 година, Брена беше скршена од болка.

Бидејќи ретко се појавуваше во јавноста, малкумина знаат како изгледа мајката на Лепа Брена. Сепак, фотографија стара една деценија покажува дека Брена беше слика и прилика на Ифета.

Неколку пати во интервјуата за медиумите, Брена посочуваше колку и недостасува нејзината мајка, како и колку важна улога одиграла во нејзиниот живот.


Нејзината мајка ретко се појавуваше во медиумите, но во една прилика таа го кажа следново за нејзината ќерка:

- Можеби за тебе е Брена, но за мене е Фахретица. Именувана е по сестра ми, а својот талент го наследи од баба ми, мајка ми - изјави тогаш Ифета за „Пулс“.