Во САД одамна е вообичаен феномен да не се доволни ниту две работни места за пристоен живот, а во Германија до неодамна беше реткост.
Сега веќе не е така, бидејќи веќе над 3,5 милиони луѓе работат на повеќе работни места - а често и тоа не е доволно за пристоен живот.
Повеќе од 3,5 милиони луѓе во Германија имаат повеќе од една работа. Бројката е повеќе од двојно зголемена во последните 20 години. Германија ќе стане земја со ниски плати, предупредува генералниот секретар на синдикатот ver.di Филип Шуман.
"Со гарантирана саатница од дванаесет евра со 42-часовна работна недела, можете да заработите нешто помалку од 2.200 евра бруто. Тоа е само околу 60 отсто од просечниот приход во Германија и не е доволно за живеење. Повеќе на Фактор.мк
Фото: unsplash