Дури три земјотреси во Бугарија, почувствувани и во Делчево, а еден поголем во Кушадаси: Се тресе тлото
Три земјотреси се регистрирани утрово во Бугарија. Земјотресите се во регионот Симитли. Првиот се случил околу 5 часот. Имаше јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Во 9 часот и 17 минути повторно се случи земјотрес од 3,3 во областа на 4,3 километри западно од Симитли. Во 9:42 следеше уште еден послаб земјотрес од 3,2 степени според Рихтеровата скала, овој пат на 5,5 километри северозападно од Симитли, област Благоевград. Жителите и на Македонија, посебно пограничните делови како Делчево, го почувствуале земјотресот.
Жителите од областа известија дека ги почувствувале земјотресите. Тие споделуваат дека биле страши. Не е забележана штета.
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово турското егејско летувалиште Кушадаси, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Потресот е регистриран во областа Кушадаси залив во 8:26 часот, а епицентарот бил на длабочина од 6,64 километри под површината на земјата.
Турските медиуми се уште не известуваат за можни последици предизвикани од земјотресот.
Врз основа на прелиминарните сеизмички податоци, земјотресот најверојатно го почувствувале многу луѓе во подрачјето на епицентарот. Не треба да предизвика значителна штета, освен предмети кои паѓаат од полиците, скршени прозорци итн.
Во Оздере, лоциран на 7 км од епицентарот и Кушадаси на 16 километри, земјотресот требало да се почувствува како слабо тресење.