Две строго забранети намирници на овогодинешната Олимпијада во Париз: Еве зошто
За време на Олимписките игри, дури 60 отсто од храната ќе биде без месо, а дури 80 отсто од сите јадења ќе бидат произведени од локални состојки од Франција
Како што пишува Index.hr, дури 33 отсто од оброците ќе бидат од растително потекло, а околу 15.000 спортисти за првпат наместо од чинии за еднократна употреба, ќе јадат од чинии што може да се мијат.
Покрај тоа, јадења за спортистите ќе создаваат некои од најпознатите француски готвачи, а сега се познати уште некои информации.
Четириесет илјади оброци на ден
Огромната количина на состојки потребни за Олимпиското село во Париз е огромна, а некои медиуми пишуваат дека тоа е најголемата угостителска работа досега.
На Олимписките игри ќе учествуваат дури 15.000 спортисти од 206 земји, а ако го вклучиме и помошниот персонал, готвачите ќе треба да подготват околу 40.000 оброци дневно.
Како што споменавме претходно, една третина од оброците ќе бидат од растителна основа, а 30 проценти ќе бидат органски.
Освен тоа, најголемиот дел од храната доаѓа од Франција, а единствената храна која доаѓа од други земји се бананите, кафето и чоколадото – се проценува дека на олимпиското село ќе му бидат потребни дури 3 милиони банани и 27 тони кафе.
Која храна е забранета?
Помфрит нема да се служи во Олимпиското село поради потенцијалниот ризик од пожар од користење на фритеза во толку преполн простор.
Покрај тоа, авокадото е забрането од еколошки причини. Имено, авокадото треба да се увезува од далеку, а освен тоа, на авокадото му треба многу вода за да расте, а целта на организаторот е да ги поттикне луѓето да го намалат влианието на јаглерод диоксидот.
Извор: krsratica.rs