ЕКСПЛИЦИТНА СОДРЖИНА: Какви „стари“ монети се продаваат во Македонија?

Почетокот на монетоковањето на територијата на Р Македонија датира од крајот на VI век пр.н.е., кога пајонските заедници почнале да ги издаваат своите сребрени монети, само еден век подоцна од појавата на монетите во светот. 

Појавата на монетарната економија била условена од нивото на општествениот развој. Имено, во текот на VI век пр.н.е. меѓу заедниците кои ја населувале оваа територија се издигнале владетели коишто, по примерот на малоазиските владетели, почнале да издаваат свои пари, сребрени парчиња со стандардизирана тежина на кои биле втиснати претстави карактеристични за нивната заедница.

Во почетокот парите биле користени за купување мир, односно за плаќање данок на Персијците, кои меѓу 513-479 г. пр.н.е. го окупирале овој регион и војувале со хеленските полиси. Покрај ваквата намена, првите монети биле користени и за трговија. 

А потоа, се создава процут на монети. Секој Македонски крал од античко време си имал свои, а дел од тие збирки го имаме и по нашите музеи. 

Монети на Филип Втори Македонски и Александар Македонски

‘* Прва македонска мерида

Нумизматиката денес е широко распространета. На разни светски и македонски сајтови се продаваат разно- разни монети. Некои со голема, некои со мала вредност. Некои од антиката, некои од средниот век, а некои па ептен ретки. Некои лажни...

Ние наидовме на секакви, но она што ни остави најголем впечаток се монети со сексуална експлицитна содржина кои се продаваат на нашите сајтови...

Ваквите монети е познато дека биле користени во Римско време и во подоцнежните периоди, како и во 20 век кога биле направени реплики, затоа но ние не би ја знаеле веродостојноста на приложените. Ќе се изненадите:



Фото: Фб страна- Купи продај

Р.М.М