„Емоцијата има своја боја“ - нов проект на Халкбанк за едукација на најмладите
Халкбанк започнува нова активност за поддршка, едукација и забава на најмладите. „Емоцијата има своја боја“ е проект во кој преку видео приказни ќе се едуцираат децата како да ги препознаваат и изразуваат емоциите и да ги поврзуваат со одредени бои. Станува збор за серија видеа во кои покрај штедливото слонче Халки, главен лик ќе биде Елиза, млада наградувана пијанистка и актерка. Елиза, исто како и Халки, многу сака да се дружи со пријателите, да глуми, да патува и да открива нови светови. Секое видео и текст ќе бидат внимателно креирани за да ги забавуваат и едуцираат најмладите. Во првите видео приказни во месец февруари, Елиза зборува за бојата на љубовта.
Преку проектот „Емоцијата има своја боја“, целта е да се поддржат родителите и воспитувачите да бидат подобри учители на децата, и да им помогнат да ги разберат своите емоции и подобро да се справат со нив. Во реализацијата на проектот е вклучена и м-р Катерина Димова, специјален едукатор и рехабилитатор, семеен системски советник, основач на Неуроклиник - Советувалиште за здрав раст и развој, ментално здравје, рана детекција, интервенција и стимулација на деца, адолесценти и возрасни.
„Важноста на валидизирањето на детските емоции е од огромно значење. За жал, ние често се фокусираме на однесувањето и дисциплината без да обрнуваме внимание на емоционалниот аспект. Во пракса и низ секојдневни примери се покажува дека е потребно да има емпатија, сослушување и именување на емоциите од страна на родителите за да се постигне валидизација на емоциите кај детето. Неприфаќањето на детските емоции може да ги натера децата да ги потиснат, што може да предизвика негативни последици. Затоа, важно е да им се дозволи на децата да ги изразат своите емоции и да се охрабруваат да го прават тоа“, објаснува Димова.
Халкбанк, како дел од својата политика за општествена одговорност, постојано спроведува различни активности за забава, едукација и дружење на најмалдите.
„Позитивните коментари за нашите активности во чиј фокус се токму децата се мотив повеќе да продолжиме со нови и иновативни пристапи за поддршка на детскиот развој. Сметаме дека денес е важно сите заедно да работиме на поттикнување на емоционалната интелигенција, социјализацијата и креативниот потенцијал на најмладите членови на општеството. Со видео приказните „Елиза раскажува“ заедно со креативните активности за различни бои и емоции, верувам дека ќе им овозможиме на децата да ги разберат и изразат своите емоции на посебен и креативен начин“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Следниот месец, емоција во фокус ќе биде емпатијата, претставена преку жолтата боја, што се насочува кон развивање на способноста на децата да разбираат и да се постават во положба на другите. Секој месец, една специфична емоција ќе се истражува и поврзува со одредена боја, со цел да им се помогне на децата полесно да ги научат и разбираат емоциите.
Пр објава