Спорт // Спорт
Еурофарм Пелистер загуби од Мотор, нема европска пролет за битолчани во ЕХФ Европската лига
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Мотор Запорожје со 25-27 и се елиминирани уште во групната фаза во Европската ЕХФ лига.
Иако на Еурофарм Пелистер му беше потребно и реми, имаа напад за израмнување но стигнаа до посакуваниот резултат во финишот на средбата.
Најефикасен беше репрезентативецот Марио Танкоски со девет погодоци од десет обиди.
Ларс Валтер, тренерот на битолчани не беше задоволен од резултатот.
„Би сакала да се заблагодарам и на навивачите за одличната атмосфера, за жал, ги разочаравме. И јас сум тажен и разочаран од конечниот епилог. Не реализиравме неколку одлични можности, а противникот остана смирен и нѐ казни“, изјави Ларс Валтер.