Еве како да заштедите повеќе од 250 евра во 2023 година, а тоа да не го почувствувате: Доволно за мало патување
Доколку неколку членови од вашето семејство го прават ова, на крајот на годината ќе имате убава сума која потоа можете да ја искористите за патување или посериозно купување...
Штедењето не мора да биде комплицирано, ниту пак да се откажете од работите што ги сакате, треба само малку дисциплина. Трикот за лесна заштеда што ќе ви донесе 254,80 евра на крајот на годината вклучува одвојување пари секој ден во текот на годината.
Така, во понеделник одвојте 40 центи (во противвредност на денар), во вторник 50 центи, во среда 60, во четврток 70 и зголемете ја сумата за 10 центи до крајот на неделата.
Во недела на ред ќе дојде износот од едно евро, а на крајот на 2023 година лесно ќе имате 254,80 евра, што е околу 15.000 денари.
Доколку неколку членови од вашето семејство го прават ова, на крајот на годината ќе имате убава сума која потоа можете да ја искористите за патување или купување мебел, бела техника, поскапи парчиња облека...
Фото: unsplash
Извор: информер