Феноменот на камените кугли во Босна и Херцеговина: Дали се вонземски структури?
- 16 Септември, 2022
Феноменот на камени топки е откриен на повеќе места во Босна и Херцеговина, но она што најмногу го привлекува вниманието на авантуристите е секако оној во Завидовиќи.
Со дури шеесет камени топки во оваа општина, оваа локација е најголемото наоѓалиште на камени топки во Европа, а воедно и најмистериозното место со оглед на тоа што нема сигурни и потврдени информации како се пронајдени овие топчиња со совршено прецизна форма.
Геолозите тврдат дека сферите се всушност маса од песочник обвиткан во потврд материјал. Создадени се како производ на сложени геолошки процеси (подводно лизгање) поради вулкански ерупции и тектонски нарушувања, во време кога во областа Повлен имало море.
Но, многумина веруваат дека ова се вонземски структури бидејќи се совршено обликувани.