ФФМ ја објави анализата на судењето во ПМФЛ и ВМФЛ

ФФМ ја објави судиската анализа за ПМФЛ-20 коло и ВМФЛ-17 коло.

Според анализата судењето во двете  конкуренции минало во добро во двете конкуренции.


                    Судиска анализа за 20 коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 20 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

 На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум - Фк. Македонија Ѓ.П одигран на 25.02.2023 година, анализирани се ситуациите од 32, 44 и 50 минута.

“Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

32 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините  беше во посед на топката странично во 16-сетникот на гостите, на него стартуваше во пределот на ногата (колено) без да игра со топката играч од одбраната на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија , досуден е удар од 11 метри, бидејки играчот од одбраната на екипата на гостите стартуваше директно на ногата  (колено) на напаѓачот на домакините и направи недозволен старт.

44 минута: Д0БРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( доделен втор жолт - ЦРВЕН картон)

Играч на екипата на домакините беше во посед на топката пред 16-сетникот на гостите, над него со недозволен старт од позади грб меѓутоа на нога (на тетива)  стартуваше играч од екипата на гостите и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, доделен жолт картон за играчот на екипата на гостите поради недозволен старт од позади грб, но на ногата (тетивата) на противникот, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

50 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден  удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините ја имаше топката во свој посед во 16-сетникот на гостите (странично, на ќошот), над него невнимателно со лизгачки старт на ногата, без да игра со топката недозволено стартуваше играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домакините ,бидејки играчот од екипата на гостите недозволено и невнимателно стартуваше  на ногата на противникот без да игра со топката.

 На натпреварот  Фк. Скопје – Фк.Тиквеш одигран на 26.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 22 минута.

“Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски.

22 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на екипата на гостите ја имаше во свој посед топката  странично во 16-сетникот на домакините, играч од одбраната на домакините направи минимален контакт (допир со рака на рамо) над играчот на гостите и истиот падна

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на играчот од одбраната на домакините над напаѓачот на екипата на гостите беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.

На натпреварот  Фк. Шкендија – Фк. Победа одигран на 26.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23 минута.

“Главен судија: Константин Влахо. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.

23 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите, играч од одбраната на гостите стартува  над играчот на домакините, по стартот играчот  од нападот направи уште два чекори и кога виде дека топката ќе излезе надвор од теренот за игра, падна.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки  играчот од нападот на домакините после стартот продолжи да игра со топката.

На натпреварот  Фк. Работнички – Фк. Брегалница одигран на 26.02.2023 година, анализирана е ситуацијата од 90+1 минута.

“Главен судија: Марјан Стојановски. Помошни судии: Давор Цветановскии и Мартин Дејаноски.

90+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

 Центрирана топка во 16-сетник на гостите странично од голот, играч на домакините ја прими топката ,во тој момент играч од одбраната на гостите минимално го повлече за рамо, по тој контакт играчот на домакините падна,

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на играчот од одбраната на гостите над напаѓачот на домакините беше минимален и недоволен за удар од 11 метри, исто така главниот судија во оваа ситуација  беше многу блиску, одлично поставен  и ја имаше играта во прегледност.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

   Судиска анализа на 17 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од  17коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк. Беса – Фк.Пелистер одигран на 25.02.2023 година анализирана е ситуацијата од 45+1 минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошен судија: Андреј Ќамилов и Борис Трајков.

45+1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден слободен удар над голман)

Играч на екипата на домакините изведе корнер, во својот петерец голманот на гостите сакајки да ја избоксува топката беше турнат во телото со јак интензитет од играч на домакините и спречен да интервенира, потоа топката дојде до соиграчот на играчот што центрираше и постигна гол.

Исправна одлука на главниот судија, голот беше поништен и беше досуден слободен удар над голманот на гостите, поради намерно туркање и спречување  да интервенира во својот петерец.

На натпреварот Фк.Борец – Фк.Беласица одигран на 25.02.2023 година анализирани се ситуациите од 25,55 и 88 минута.

Главен судија: Дејан Младеновски. Помошен судија: Дејан Димитриевиќ и Александар Недевски.

25 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите изведе слободен удар, голманот ја одби топката и до неа дојде соиграч на играчот што го изведе слободниот удар и постигна гол, меѓутоа во моментот на изведување на ударот,  соиграчот се наоѓаше во недозволена офсајд позиција, т.е пред предпоследниот играч од одбраната на домакините.

Исправна одлука на првиот помошен судија, досудено офсајд позиција (индиректен слободен удар за домакините) бидејки играчот од екипата на гостите што го постигна  голот, во моментот на шутот кон голот на домакините се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на домакините.

55 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите погреши на додавање на топката надвор од својот 16-сетник, играч од нападот на домакините ја прими топката и кога се најде во очигледна шанса за гол (сам пред голман) беше фаулиран од предпоследниот играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домакините и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите, поради спречување очигледна шанса за гол.

85 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Исправно признаен гол)

Играч од екипата на гостите упати удар кон голот на домакините, голманот ја одби и на неа тргнаа двајца противнички играчи, играчот од екипата на гостите прв стигна до топката, ја удри и потоа играчот од одбраната на домакините го удри напаѓачот во долниот дел од копачката, потоа топката дојде до соиграч на напаѓачот и постигна гол.

Исправна одлука на главниот судија, голот е регуларен бидејки играчот од нападот на гостите прв стигна до топката .

На натпреварот Фк. Арсими – Фк.Кожуф  одигран на 25.02.2023 година анализирана е ситуацијата од 90+3 минута.

Главен судија: Спире Арсов. Помошен судија: Богданчо Ѓорѓиев и Петар Михајлов.

90+3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините додаде топка до свој соиграч, кој во моментот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, истиот ја додаде топката до друг соиграч кој постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки во момент на додавање на топката од свој соиграч, играчот од нападот на екипата на домакините се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбрана на гостите).

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.