ФФМ: Судиска анализа, една грешка во ВМФЛ, одлично судење во ПМФЛ
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 25. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Брегалница - ФК Тиквеш одигран на 02.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 79. минута.
Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски;
79. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт - ЦРВЕН картон).
Играч од екипата на домаќините ја имаше топката во свој посед и беше во ветувачка акција странично во близина на шеснаесетникот на гостинската екипа, играч од екипата на гостите недозволено стартуваше од зад грб над играчот на домаќините и направи прекршок спречувајќи ветувачка акција.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домаќините и доделен жолт картон за играчот на гостите за недозволен старт од зад грб и спречување ветувачка акција, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
На натпреварот ФК Шкендија - ФК Победа одигран на 02.04.2023 година, анализирани се ситуацииите од 32. и 54. минута.
Главен судија: Ивана Пројковска; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;
32. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините сакаше да додаде топка кон свој соиграч странично во шеснаесетникот на екипата на гостите, при додавањето топката го удри во рака играч од одбраната на гостите, која му беше во природна положба (до телото) и растојанието помеѓу двата играча беше кратко.
Исправна одлука на главниот судија која беше одлично поставена во оваа ситуација и дозволи играта да продолжи, бидејќи раката на играчот од одбраната на гостите му беше во природна положба (до телото) и растојанието помеѓу играчите беше кратко.
54. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на домаќините беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на гостите, дојде до минимален контакт со телото на играч од одбраната на гостите и истиот тој контакт го играчот на домаќините сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија која беше одлично поставена во оваа ситуација и дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот на играчот од одбраната на гостите над играчот од нападот на домаќините беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Шкупи - ФК Скопје одигран на 02.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 42, 48, 51 и 81 минута.
Главен судија: Стојан Стојанов; Помошни судии: Мартин Петковски и Филип Ицковски;
42. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, играч од одбраната на домаќините стартуваше над играчот играјќи прв со топката, при што играчот на гостите падна.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи стартот на играчот на домаќините беше исправен и на топка.
48. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините централно од голот, играч од одбраната на гостите стартуваше на играчот на домаќините играјки прв со топката, при што играчот на домаќините падна.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи стартот на играчот на гостите беше исправен и на топка.
51. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостите близу гол аут линијата, до него беше голманот на гостите и направи минимален контакт со раката над играчот на домаќините (на рамото), при што истиот тој контакт играчот сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри и падна.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи контактот на голманот на гостите над играчот од нападот на домаќините беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.
81. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините сакаше да додаде топка кон свој соиграч странично во шеснаесетникот на екипата на гостите, при додавањето топката го удри во рака играч од одбраната на гостите, која му беше во природна положба (до телото) и растојанието помеѓу двата играча беше кратко.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи раката на играчот од одбраната на гостите му беше во природна положба (до телото) и растојанието помеѓу играчите беше кратко.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 22. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 22. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Тетекс - ФК Беса одигран на 01.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 1. минута.
Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов;
1. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостите близу голманскиот простор, во моментот кога играчот сакаше да упати удар кон голот на гостите беше спречен со недозволен старт од зад грб (на ногата што требаше да шутира) од играч на екипата на гостите.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домаќините, поради недозволен старт од зад грб (на ногата ) над играчот од нападот на домаќините.
На натпреварот ФК Слога Виница - ФК Воска одигран на 01.04.2023 година, анализирани се ситуациите од 39. и 57. минута.
Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Зоран Ангелов;
39. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топка и во ветувачка акција за гол во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите со лизгачки старт од зад грб (на ногата, а целта му беше топката) стартуваше над играчот правејки прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и дисциплинска мерка жолт картон за играчот на гостите поради поради недозволен лизгачки стар од зад грб (на нога) на противникот.
57. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри).
Играч од екипата на гостите беше во поседн на топка во шеснаесетникот на домаќините, голманот направи лизгачки старт на играчот и ја изби топката пред играчот, потоа топката дојде до соиграч на играчот кој упати удар кон голот и промаши, потоа судијата досуди удар од 11 метри
Погрешна одлука на главниот судија што досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, лизгачкиот старт на голманот беше исправен, односно голманот стигна пред играчот до топката и коректно стартуваше.
На натпреварот ФК Арсими - ФК Караорман одигран на 01.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 2. минута.
Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Николче Дрнковски и Владимир Митревски;
2. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домакините додаде топка до соиграч во шеснаесетникот на гостите, соиграчот со глава ја додаде топката до друг соиграч кој во моментот на додавање се наоѓаше во недозволена позиција офсајд), т.е позади претпоследниот играч од одбраната на гостите и постигна гол.
Погрешна одлука на вториот помошен судија, голот требаше да се поништи и да досуди индиректен слободен удар (офсајд позиција) за екипата на гостите,бидејки играчот на екипата на домаќините кој го постигна голот при додавањето на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена позиција, зад претпоследниот играч од одбраната на гостите.
На натпреварот ФК Беласица - ФК Гостивар одигран на 01.04.2023 година анализирана е ситуацијата од 59. минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Ване Дупкаров;
59. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите упати удар кон голот на домаќините и постигна гол, меѓутоа во моменентот на ударот кон голот негов соиграч се наоѓаше пред голманот, во негово видно поле и во голманскиот простор, каде направи движење со телото и му попречи на голманот за да интервенира.
Исправна одлука и соработка на главниот судија со вториот помошен судија, каде што по заедничка консултација донесоа исправна одлука, голот беше поништен и досудено индиректен слободен удар (офсајд позиција) за екипата на домаќините, бидејки играчот на гостите во моментот на удар кон голот на домаќините се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домакините, пред голманот (во голманскиот простор) и во негово видно поле, спречувајки го да интервенира.
На натпреварот ФК Пелистер - ФК Детонит одигран на 01.04.2023 година, анализирана е ситуацијата од 55. минута.
Главен судија: Игор Иванов; Помошни судии: Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски;
55. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СО КОРЕКЦИЈА НАД ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (не досудено офсајд позиција).
Играч од екипата на домаќините прими топка пред голманскиот простор на гостите, упати удар кон голот на гостите и постигна гол, голманот и играч од одбраната на гостите се наоѓаа на гол линијата, вториот помошен судија не го виде играчот од одбраната на гостите дека е на гол линијата и покажа офсајд позиција, мислејќи дека играчот што го постигнува голот се наоѓа во офсајд позиција.
Исправна одлука на судијата, беше одлично поставен, целосно ја имаше играта и позиционирањето на играчите во прегледност и донесе одлична одлука, признавајќи го голот по консултација со вториот помошен судија, бидејќи и голманот и претпоследниот играч од одбраната на гостите се наоѓаа на својата гол линија.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.