Филијата на ПроКредит банка во Битола, преселена во нов современ простор на атрактивна локација
Со големо задоволство, ПрoКредит Банка го објавува отворањето на својата филијала во Битола на нова, атрактивна локација на ул. Тодор Скаловски бр.8. Почнувајќи од 19 јуни, клиентите можат да ја посетат новата модерна филијала која нуди дополнителни можности, сместена на фреквентна локација со поглед на ул. Партизанска.
Со цел поголема достапност и персонализиран пристап до клиентите, во новата филијала ПроКредит го проширува тимот на лични банкарски советници кои нудат комплетна поддршка во процесот на носење финансиски одлуки, како за правни така и за физички лица. Дополнително, на новата локација клиентите имаат пристап до сите дигитални услуги на новата модерна 24/7 зона, опремена со современи банкомати, можности за внесување на дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра. Разбирајќи ги потребите на нашите клиенти и нивните семејства, новата филијала во 24/7 зоната вклучува и детско катче.
За повеќе информации, посетете ја веб-страница на ПроКредит банка www.pcb.mk.
ПроКредит Банка е водечка финансиска институција посветена на обезбедување одлични банкарски услуги за своите клиенти веќе 20 години. Со фокус на модернизацијата и задоволството на клиентите, ПриКредит Банка се стреми да испорача иновативни решенија и да изгради трајни односи во заедниците на кои им служи.
ПР објава