Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“
Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на “БББ-“ со стабилен изглед. Потврда за кредитниот рејтинг доби и мајка команијата ПроКредит Холдинг и уште 5 банки од ПроКредит групацијата.
Потврдување на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на 'БББ-’ е резултат на позитивните бизнис резултати од работењето на банката, меѓу кои едно од позначајните е високо квалитетно кредитно портфолио сoстапка на нефункционални кредити за неколку пати подобра од нивото на банкарски сектор во земјата, стабилното депозитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност.
Дополнително значење за потврда на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје има и поддршката од акционерите, пред се поддршката која ПроКредит Банка АД Скопје ја добива од единствениотакционер ПроКредит Холдинг, со седиште во Фракфурт Германија, а потоа и поддршката која ПроКредит Холдинг ја добива од своите акционери: KfW (Германска Банка за поддршка и развој), IFC (Меѓународна финансиска корпорација, сестра компанија на Светска Банка) и DOEN Фондацијата. Покрај веќе споменатите акционери ПроКредит групацијата добива долгорочна поддршка и од клучните акционери Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest кои имаат и стратешка контрола врз работењето на групацијата.
Fitch Rating потенцира дека големо значење за стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките имаат и мерките за намалување на ризикот кој постои од работа во земји во развој. Предностна на ПроКредит е уникатнатакорпоративнакултура имплементирана во сите ПроКредит Банки, високи етички стандарди и истиот фокус на работење - високо квалитетна услуга за мали и средни претпријатија кои придонесуваат за развој на локалните економии.
ПроКредит Банка АД Скопје е првата банка во С.Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings уште од 2005 година, а кредитниот рејтинг “БББ-“ е највисокиот рејтинг што финансиска интитуција може да го добие во нашата земја.