Фитнес тренерот Крис Хеира советува: Вежбајте 5 минути за убаво тело- еве и како

Да, за овој тренинг треба да одвоите само 5 минути ...

Познатиот фитнес тренер, Крис Хеира, повторно се врати со ново видео во кое ни покажува како да го тренираме целото тело само 5 минути. Тој ни покажа вежби кои создаваат ефикасен и исцрпувачки HIIT тренинг што ќе го активира целото тело и ќе придвижи голема група на мускули.

Добрата работа на овој тренинг е што можете да го повторувате почесто во текот на денот, доколку сакате, бидејќи ви овозможува доволно време за вашето тело да се опорави по тренингот.

Обуката се состои од 5 вежби и ќе ви требаат само тегови. Ќе направите 45 секунди од секоја вежба и ќе имате 15 секунди одмор додека не започнете со друга.

Ако сакате да видите како изгледа овој комплетен тренинг, погледнете го најновиот клип на Крис:


Видео: CHRIS HERIA

Можеби ќе ве интересира:

И мажите сакаат да имаат цврст и подигнат задник: Неколку вежби како тоа се прави
Никола Стојановски- бодибилдер: Секој е сам свој резбар на сопственото тело