Спорт // Спорт
ФОТО: ФФМ го врати профилот на Фејсбук во функција пред септемвриските квалификации
Фудбалската федерација на Македонија, објави дека повторно е ставена во функција Фејсбук страната која изминатиот период беше хакирана и на која натрапниците објавуваа неумесни содржини.
Фејсбук фан страната на ФФМ има речиси 130.000 следбеници и е многу влијателна на социјалните мрежи, добро е што повторно е во функција пред дуелите со Италија во Скопје и Малта на гости во септември во рамки на квалификациите за ЕП.