ФОТО: Капитенот на Вардар Дарко Мицевски успешно опериран

Капитенот на Вардар, Дарко Мицевски, успешно e опериран откако доби  повреда на скочниот зглоб на мечот против Охрид и ќе отсуствува од тимот подолго време.

„Капитенот Дарко Мицевски по успешната хируршка интервенција се чувствува одлично, се заблагодарува на поддршката и им порачува на сите навивачи на Вардар да останат сплотени и во што поголем број да бидат покрај својот тим, сега кога се најпотребни. На крајот сите заедно ќе се радуваме. Напред Вардар “ -  порачаа од клубот.