ФОТО: Комити со моќна порака пред дербито со Воска, има само една опција

Денес се играат средбите од 10 коло во ВМФЛ, дерби е дуелот меѓу Вардар и Воска, се игра на Железарница од 13-30 часот.

Вардар има нерасчистени сметки од лани со Воска, клубот од Охрид стигна до бараж преку второто место, а црвено-црните по поразот од Гостивар минатото коло, сега имаат само една опција, а тоа е победа за враќање на врвот.

Воска е лидер со 23 бода, Вардар има бод помалку, Комити повикуваат на „мобилизација“, победа е единствена опција за црвено-црните.

Пренос од мечот на Спортклуб 4 од 13-30 часот.

ФОТО: ФК ВАРДАР