ФОТО: Лука Модриќ има порака за Енис Барди и Леванте

Леванте  запиша пораз на гости во Мадрид кај Реал со убедливи 6-0 и со тоа го потврдија испаѓањето во Втората лига.

Лука Модриќ со порака која се прераскажува во Валенсија, на Хрватот не му е пријатно кога некој запишува неуспех. 

„Никогаш не е пријатно да се гледа  како клуб испаѓа во понизок ранг на натпреварување. Сакам да ги утешам и  охрабрам Леванте и неговите навивачи“ - твитна Модриќ.