ФОТО: Македонија ќе има судии во елитното друштво на судии за Европското првенство до 17

Нашите Игор Стојчевски и Даниел Василевски се избрани во елитното друштво на судии за Европското првенство до 17 години во Израел од 16. мај до 01. јуни.

Игор Стојчевски е главен судија, а Даниел Василевски прв асистент на вечерашниот натпревар Бугарија - Холандија.