ФОТО: МЗТ Скопје на чекор од деветта титула, падна Пелистер во СЦ „Јане Сандански“
Екипата oд Аеродром, МЗТ Скопје, имаше феноменални први 20.минути во кои направи голема предност, на крај, стигна и до повеќе од убедливи 86:62 против Пелистер , и водство 2-1 во финалето, на чекор од титула.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одново ја искористија предноста која им ја носи домашниот терен. И на вториот натпревар одигра во СЦ „Јане Садански“ беа убедливи против предизвикувачот, екипата на Пелистер, па веќе на наредниот меч ќе ја бараат шансата за деветта шампионска титула.
Двојно поголеми (54:27) имаше актуелниот шампион на Македонија во третиот меч од финалето на плеј-офот за шампионската титула.
Сето тоа благодарение на одлично одиграната втора четвртина во која „сино-белите“ пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“, обезбедија двојно повисоки 27. поени предност.
Не дека и претходно беше различно, од причина што МЗТ Скопје Аеродом уште во раната фаза, односно на истекот на првата четвртина, имаше вишок, нависстина од „само“ девет поени (28:19).
Во тоа шрво полувреме, поентерски се одвоија Милошевиќ со 16, и Дејвис кој даде десет, односно Војдан Стојановски кој беше стрелец на девет поени.
По две одиграни минути од третиот период, „металците“ имаа уште повисоки (63:30), што беше знак плус дека овој меч, третиот од финалната серија загуби на значење, особено за гостинската екипа која во Аеродром едноставно не делуваше како екипа-финалист.
Како одминуваа минутите така паѓаше и оној морал кој претходно беше присутен кај гостинските кошаркари. На истекот на третиот период, домашната екипа имаше уште поголеми (7139).
Шанса за „поправен“, и нова неисвеснот во битката за титулата, кошаркарите од Битола ќе имаат во петок навечер, на свој терен, во салата „Боро Чурлевски“ за кога е закажан и четвртиот натпревар од финалето.
МЗТ Скопје има две-меч топки во обидите да ја одбрани титулата...